БРИТАНСКА ВОЕНА БАЗА НА КИПАР НАПАДНАТА СО ДРОН, ПРЕДИЗВИКАНА МИНИМАЛНА ШТЕТА

    БРИТАНСКА ВОЕНА БАЗА НА КИПАР НАПАДНАТА СО ДРОН, ПРЕДИЗВИКАНА МИНИМАЛНА ШТЕТАБританија досега не беше директно вклучена во американско-израелските напади (Фото: Скај)

    Британското министерство за одбрана потврди дека британска воена база на Кипар била нападната со дрон, при што била предизвикана минимална штета и немало жртви. Истрагата е во тек за да се утврди од каде бил лансиран дронот.

    Нашите вооружени сили реагираа на напад со беспилотно летало врз базата на Кралските воздухопловни сили Акротири на Кипар на полноќ. Базата реагираше за да ги одбрани нашите луѓе“, соопшти британското министерство за одбрана.

    Нападот врз базата Акротири се случи неколку часа откако Велика Британија им дозволи на САД да ги користи британските воени бази за напади врз Иран. Британија досега не беше директно вклучена во американско-израелските напади, но премиерот Кир Стармер синоќа кажа дека пристапот на Иран стануваше сè понеодговорен и ги ставаше во опасност животите на Британците, што довело до одлуката да им се дозволи на САД да користат две британски воени бази.

    Велика Британија го задржа суверенитетот над територијата на две бази на Кипар, кој е член на ЕУ. Базата Акротири последен пат беше директно нападната од либиски милитанти во средината на 1980-тите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира