БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТА Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19

    БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТА Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19Кралицата Елизабета била во контакт со нејзиниот најстар син и наследник, принцот од Велс, кој минатата недела беше позитивен на тестот. (Фото: Гети)

    Британската кралица Елизабета Втора е позитивна на ковид-19, соопшти Бакингемската палата. Палатата соопшти дека кралицата има „благи симптоми на настинка“, но очекува да продолжи со „лесните обврски“ во Виндзор во текот на наредната недела.

    „Таа и натаму ќе добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства“, се вели во соопштението на палатата.

    Кралицата Елизабета (95) била во контакт со нејзиниот најстар син и наследник, принцот од Велс, кој минатата недела беше позитивен на тестот, а потоа позитивна беше и неговата сопруга Камила.

    Кралицата потврди дека таа и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, ги примиле првите дози на вакцинаta против ковид-19 во јануари 2021. Но, палатата одби да открие какви било информации за последователните вакцини, повикувајќи се на здравствена приватност. Нејзиното здравје беше внимателно следено од крајот на минатата година, кога таа се повлече од јавните настани по совет од лекарите за да се одмори, откако ноќеваше во болница поради причини што не беа откриени.

    Кралицата стана монарх со најдолго владеење на Обединетото Кралство и на 6 февруари го одбележа платинестиот јубилеј од 70 години. Нејзиниот прв голем јавен ангажман беше пред повеќе од три месеци во пресрет на јубилејот, на средбата со добротворни работници во Сандрингам хаус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира