БРИТАНСКИ ТАБЛОИДИ ГО ХАКИРАЛЕ ТЕЛЕФОНОТ НА ПРИНЦОТ ХАРИ ЗА ДА СОБИРААТ ИНФОРМАЦИИ, ЌЕ ТРЕБА ДА МУ ПЛАТАТ ОТШТЕТА ЗА НАНЕСЕН СТРЕС

    БРИТАНСКИ ТАБЛОИДИ ГО ХАКИРАЛЕ ТЕЛЕФОНОТ НА ПРИНЦОТ ХАРИ ЗА ДА СОБИРААТ ИНФОРМАЦИИ, ЌЕ ТРЕБА ДА МУ ПЛАТАТ ОТШТЕТА ЗА НАНЕСЕН СТРЕСПринцот Хари стана првиот член на кралското семејство во 130 години кои сведочел на судење. (Фото: ДПА)

    Принцот Хари го доби судскиот случај со британските таблоиди од групацијата „Мирор“, кои го хакирале неговиот телефон за да собираат информации за него.

    Според денешната пресуда на Високиот суд во Лондон, таблоидите „Дејли Мирор“, „Сандеј Мирор“ и „Пипл“ екстензивно го хакирале телефонот на принцот Хари од 2006 до 2011 година и незаконски прибирале информации.

    Групацијата „Мирор“, според пресудата, ќе треба да му исплати отштета од 140.600 фунти на Хари поради нанесен стрес од објавените текстови кои содржеле незаконски собрани информации.

    Станува збор за текстови во врска со неговата поранешна девојка Челси Дејви, за неговото служење во британската армија, како и за обвинувања за употреба на дрога.

    Принцот Хари стана првиот член на кралското семејство во 130 години кои сведочел на судење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира