БРИТАНСКИОТ АКТЕР ЏУЛИЈАН СЕНДС ЗАГУБЕН ПРИ ПЛАНИНАРЕЊЕ ВО ЈУЖНА КАЛИФОРНИЈА

    БРИТАНСКИОТ АКТЕР ЏУЛИЈАН СЕНДС ЗАГУБЕН ПРИ ПЛАНИНАРЕЊЕ ВО ЈУЖНА КАЛИФОРНИЈАПо Сендс се трага 5 дена, но невремето ја отежнува потрагата. (Фото: АП)

    Актерот Џулијан Сендс, ѕвезда на неколку филмови номинирани за Оскар, вклучително и „Соба со поглед“, веќе пет дена е загубен во планините во Јужна Калифорнија, каде што планинареше, соопштија властите. Сендс (65) е пријавен за исчезнат на патека на планината Балди, во Калифорнија и по него се трага, изјави портпаролката на шерифот на округот Сан Бернардино.

    Екипите за пребарување и спасување го бараа Сандс во областа на планините Сан Габриел, на околу 65 км североисточно од центарот на Лос Анџелес, но мораа да ја прекинат потрагата во саботата поради условите на патеката и ризиците од лавина, и оттогаш не можат да продолжат. По Сендс се трага со хеликоптери и беспилотни летала, а копнената потрага ќе продолжи кога ќе биде безбедно, соопштија властите.

    Во петокот беше последната во серијата бури што ја зафатија Јужна Калифорнија, што создаде опасни планински услови и траеше во текот на викендот. Двајца други планинари неодамна загинаа во таа област.

    Сендс, родум од Британија, живее во Северен Холивуд, последниве години игра на филм и на ТВ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира