БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА БАКНУВА КОЛЕШКА

    БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА БАКНУВА КОЛЕШКАМет Хенкок и Џина Коладанџело се снимени на 6 мај како се бакнуваат во зградата на министерството за здравство. (Фото: ПА)

    Британскиот министер за здравство Мет Ханкок поднесе оставка, откако го прекрши упатството за социјално дистанцирање, бакнувајќи се со колешка. Во писмото до премиерот тој вели дека владата „им должи на луѓето кои жртвуваа толку многу во оваа пандемија да биде искрена кога ќе ги изневери“.

    Тој се извини откако во јавноста се појави фотографија од 6 мај, на која е снимен со својата блиска соработничка Џина Коладанџело.

    Неколкумина пратеници од неговата партија го повикаа Хенкок на оставка, додека лабуристите и влијателна група на семејствата на жртвите на ковид-19 побараа тој да биде сменет.

    „Прекршувањето на препораките за социјално дистанцирање ѝ наштетува на владината борба против коронавирусот“, соопшти групата „Ужалените семејства за правда“.

    Весникот „Сан“ вчера објави фотографија на која Хенкок и Коладанџело, кои се пријатели уште од студентските денови, се бакнуваат во зградата на министерството за здравство. Социјалното дистанцирање на работа не е законско барање, но владата им препорачува на сите да држат два метра растојание ако е можно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира