БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МАРОКО НАДМИНА 1.000

    БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МАРОКО НАДМИНА 1.000Многу од жртвите се во планински региони до кои е тешко да се стигне. (Фото:Алоуа ТВ/принтскрин)

    Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени што го погоди Мароко уби најмалку 1.000 луѓе и предизвика штети во неколку области. Жителите излегоа на улиците кога се случи потресот во 23.11 часот по локално време.

    Земјотресот беше почувствуван од Казабланка до Маракеш, каде што многу објекти беа уништени или значително оштетени.

    Во земјата е прогласена тридневна жалост.

    Многу од жртвите се во планински региони до кои е тешко да се стигне. Епицентарот е во планините Атлас, југозападно од Маракеш. Се верува дека сè уште има многу луѓе заглавени под урнатините и спасувачките акции се во тек.

    Болниците во Маракеш се преполни и властите ги повикаа граѓаните да донираат крв.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира