БРУС СПРИНГСТИН ГО ОСУДИ „КРАЛОТ ТРАМП“ ВО НОВАТА ПЕСНА И ЈА ПОСВЕТИ НА ДВЕТЕ ЖРТВИ НА ИЦЕ ВО МИНЕАПОЛИС

    БРУС СПРИНГСТИН ГО ОСУДИ „КРАЛОТ ТРАМП“ ВО НОВАТА ПЕСНА И ЈА ПОСВЕТИ НА ДВЕТЕ ЖРТВИ НА ИЦЕ ВО МИНЕАПОЛИССпрингстин долго време го критикува Трамп, кој, пак, ја има опишано рок иконата како преценета (Фото: АП)

    Брус Спрингстин ја посвети својата нова песна на луѓето на Минеаполис, критикувајќи ги тековните операции против имигрантите во градот.

    Стиховите на „Улиците на Минеаполис“ (Streets of Minneapolis) опишуваат како „град во пламен се бори со оган и мраз под чизмите на окупаторот“, што Спрингстин го нарекува „приватната армија на кралот Трамп“.

    Спрингстин рече дека ја напишал и снимил песната во текот на викендот и ја објавил како реакција на второто пукање во кое федералните имиграциски агенти убија американски државјанин во Минеаполис.

    „Посветена е на луѓето од Минеаполис, нашите невини соседи имигранти и на Алекс Прети и Рене Гуд“, напиша тој, именувајќи ги двете жртви.

    Белата куќа се огласи за критиките од легендарниот рокер.

    „Администрацијата на Трамп е фокусирана на охрабрување на државните и локалните демократи да соработуваат со федералните службеници во отстранувањето на опасни криминални илегални имигранти од нивните заедници, а не на случајни песни со ирелевантни мислења и неточни информации“, рече Абигејл Џексон, портпаролка на Белата куќа.

    Спрингстин долго време го критикува Трамп, кој, пак, ја има опишано рок иконата како преценета. Последен пат јавно се судрија минатата година, кога Спрингстин на концерт во Англија рече дека „Америка моментално е во рацете на корумпирана, некомпетентна и предавничка администрација“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира