На предлог надлежните власти во Бугарија, во согласност со премиерот Кирил Петков, Бугарија денеска прогласи 10 руски дипломати за персона нон грата и им даде рок од 72 часа да ја напуштат земјата, соопшти бугарското МНР.
Руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова го оцени овој акт на бугарските власти како исклучително непријателски и додаде дека Москва го задржува правото за реципрочни дејствија.
На 3 март, бугарското МНР прогласи за персона нон грата двајца руски дипломати поради наводно шпионирање против Бугарија.