БУГАРИЈА СТРАВУВА ОД РУСКО МЕШАЊЕ ПРЕД ИЗБОРИТЕ, ПА ПОБАРА ПОМОШ ОД ЕУ

    БУГАРИЈА СТРАВУВА ОД РУСКО МЕШАЊЕ ПРЕД ИЗБОРИТЕ, ПА ПОБАРА ПОМОШ ОД ЕУПоранешниот претседател Румен Радев се издвои како фаворит на изборите откако формираше нова партија (Фото: АП)

    Бугарија побарала помош од Европската Унија за борба против мешање од Русија пред изборите подоцна овој месец, објави „Политико“.

    Во редок потег за земја од ЕУ, бугарските претставници минатата недела побарале од дипломатската служба на блокот да помогне во откривањето и запирањето на кампањите на странски актери за манипулирање со јавното мислење преку социјални мрежи и пропагандни веб-страници, користејќи пристап дизајниран како одговор на руските и кинеските закани.

    Министерството за надворешни работи на Бугарија минатата недела формираше привремена единица за координирање на нејзиниот одговор на странското мешање и го избра истражувачкиот новинар Христо Грозев да ја советува единицата.

    Владата стравува од мешање во кампањата пред парламентарните избори на 19 април. Ова се осми избори во земјата за пет години и поранешниот претседател Румен Радев се издвои како фаворит откако формираше нова партија. Радев се смета за проруски политичар.

    Апелот на Софија вклучил барање за добивање помош од Европската служба за надворешна акција, која ја координира работата на европските безбедносни служби за откривање и анализа на кампањи од странски актери за манипулирање со јавното мислење. Еден функционер директно запознат со барањето рече дека „Бугарија секогаш молчела за овие работи и негирала дека имало какво било мешање, но Министерството за надворешни работи сега е многу почувствително во врска со ова и го истакнало како приоритет“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира