Полицијата во Бугарија го истражува убиството на новинарката Викторија Маринова. Нејзиното тело беше пронајдено вчера во парк во северниот град Русе, близу Дунав. Засега не е познато дали убиството е поврзано со нејзината работа во локалната телевизиска станица ТВН. Истрагата го проверува нејзиниот личен, но и професионален живот.
Убиството на 30-годишната Маринова веднаш предизвика осуда во земјата и странство.
„Шокирани сме од бруталното убиство на истражувачката новинарка Викторија Маринова. Повикуваме итно да се спроведе темелна истрага“, твитна Харлем Десир, портпаролот на Проектот за организиран криминал и корупција, чиј член беше Маринова.
Маринова е четврт новинар убиен во Европската унија изминатата година, по шведската новинарка Ким Вал, малтешката новинарка Дафне Галиција и словачкиот новинар Јан Куцијак.