БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕМА НИ ОСОМНИЧЕНИ, НИ МОТИВ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА МАРИНОВА

    БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕМА НИ ОСОМНИЧЕНИ, НИ МОТИВ ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА МАРИНОВАНејасно е дали убиството на Викторија Маринова е поврзано со нејзината работа (Фото: Гети)

    Бугарија се наоѓа под силен притисок да го пронајде убиецот на телевизиската новинарка Викторија Маринова, чие брутално убиство викендов предизвика остра меѓународна осуда.

    Телото на 30-годишната Маринова беше пронајдено во саботата во северниот град Русе и првичната истрага покажа дека таа била силувана и убиена со удари во главата. Таа ја уредувала емисијата „Детектор“ на локалната приватна телевизија ТВН, но останува нејасно дали убиството е поврзано со нејзината работа.

    „Ова е исклучително брутално убиство. Најдобрите бугарски истражители се испратени во Русе за да работат на случајот“, изјави министерот за внатрешни работи, Младен Маринов.

    Тие работат и со тим на психолози за да се направи профил на убиецот, но велат дека засега немаат осомничени.

    „Не ја исклучуваме верзијата дека ова е планирана акција, но и дека ова е од лични мотиви. Не отфрлуваме ниту една верзија“, додаде Маринов.

    Тодор Гечев, пријател на Маринова, вели дека се сретнал со неа минатата среда.

    „Ми кажа дека работи на една новинарска истрага, но не ми изгледаше загрижено“, изјави тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира