БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ДОСЕГА НЕПОЗНАТО ДЕЛО ОД ЏЕКСОН ПОЛОК, КОЕ СЕ ПРОЦЕНУВА НА 50 МИЛИОНИ ЕВРА

    БУГАРСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ДОСЕГА НЕПОЗНАТО ДЕЛО ОД ЏЕКСОН ПОЛОК, КОЕ СЕ ПРОЦЕНУВА НА 50 МИЛИОНИ ЕВРАПолок беше една од водечките фигури на апстрактниот експресионизам во 1940-ите и 1950-ите (Фото: Гети)

    Досега непознато дело од прославениот американски сликар Џексон Полок е пронајдено во Бугарија во рамките на полициска истрага на меѓународни шверцери на уметнички дела. Бугарското радио соопшти дека сликата би можела да биде вредна до 50 милиони евра.

    Во оваа меѓународна операција досега се уапсени тројца Грци и еден бугарски државјанин.

    „Ова е меѓународна операција во која што учествуваат Европол, Грција и други држави. На наша голема радост, успеавме да ја пронајдеме оваа слика и вештачењето покажа дека станува збор за оригинална, незаведена слика од 1949 година“, изјави Петар Тодоров, главниот секретар на бугарското министерство за внатрешни работи.

    Властите не го дадоа описот на сликата, ниту други детали за неа.

    Полок, една од водечките фигури на апстрактниот експресионизам во 1940-ите и 1950-ите, почина на 44 години во 1956. Тој се прослави со својата техника на сликање наречена „капење и прскање“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира