БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОТФРЛИ КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕМИЕР НА БОРИСОВ

    БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОТФРЛИ КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕМИЕР НА БОРИСОВСпоред бугарскиот устав, сега претседателот Румен Радев треба да го даде мандатот за состав на влада на втората по големина партија во бугарскиот парламент, а тоа е Продолжуваме со промената. - Бојко Борисов (Фото: СДК.МК)

    Бугарскиот парламент денеска ја отфрли номинацијата на Николај Габровски за премиер откако „за“ гласаа 113 пратеници, а „против“ беа 125.

    Габровски беше предложен од ГЕРБ на Бојко Борисов да предводи т.н. експертска влада, но за него гласаа само пратениците на ГЕРБ и ДПС и Бугарски подем. Според процедурите на бугарскиот парламент, ако кандидатот за премиер не помине на гласањето, не се гласа ниту за министрите.

    Според бугарскиот устав, сега претседателот Румен Радев треба да го даде мандатот за состав на влада на втората по големина партија во бугарскиот парламент, а тоа е Продолжуваме со промената.

    Последните парламентарни избори во Бугарија се одржаа во октомври. Бугарија ја води техничка влада, предводена од Галаб Донев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира