ЧЕШКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕМАН ПРЕФРЛЕН НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА ДЕН ПО ИЗБОРИТЕ

    ЧЕШКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕМАН ПРЕФРЛЕН НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА ДЕН ПО ИЗБОРИТЕЗеман требаше да ги води преговорите за формирање на нова влада (Фото: АП)

    Чешкиот претседател Милош Земан е префрлен на интензивна нега среде политичките пресврти во земјата и ден по победата на опозицијата на парламентарните избори. Седумдесет и седумгодишниот Земан требаше да ги води преговорите за формирање нова влада.

    Земан е познат како голем пушач, кој користи инвалидска количка и страда од дијабетес. Од Централната воена болница во Прага кажаа дека Земан се наоѓа на интензивна нега поради позната состојба.

    „Ја знаеме точната дијагноза, што ни го олеснува лекувањето“, изјави директорот на болницата Мирослав Заворал, додавајќи дека нема да открива други детали на барање на Земан.

    Тој помина осум дена во болница и минатиот месец, тогаш поради исцрпеност и дехидрација.

    Повеќе извори кажаа дека Земан страда од собирање течност во стомакот, состојба што се поврзува со цироза. Тој бил превезен во болница набргу по средбата со актуелниот премиер Андреј Бабиш, кој го призна поразот на изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира