ЧЕТИРИ ДЕЦА ПРЕЖИВЕАЛЕ 16 ДЕНА ВО ЏУНГЛА ВО КОЛУМБИЈА ПО АВИОНСКА НЕСРЕЌА

    ЧЕТИРИ ДЕЦА ПРЕЖИВЕАЛЕ 16 ДЕНА ВО ЏУНГЛА ВО КОЛУМБИЈА ПО АВИОНСКА НЕСРЕЌААвионот бил лоциран во понеделникот и внатре биле пронајдени телата на тројца возрасни луѓе (Фото: колумбиска војска)

    Четири деца, вклучувајќи 11-месечно бебе, се пронајдени живи во џунгла во Колумбија, повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во јужниот дел на земјата. Во несреќата загинале нивната 33-годишна мајка, пилотот и копилотот.

    Владината агенција за добросостојба на децата соопшти дека добила информации од терен дека децата се пронајдени во добра состојба.

    Авионот „цесна 206“ исчезнал во раните утрински часови на 1 мај, откако пилотот пријавил проблеми со моторот. По големата потрага во која учествувале над 100 војници, авионот бил лоциран во понеделникот и внатре биле пронајдени телата на тројца возрасни луѓе.

    Но, децата од 11, девет и четири години, како и 11-месечно бебе го преживеале падот и тргнале низ џунглата во потрага по помош. Спасувачките тимови пронашле шишиња, остатоци од овошки што ги јаделе, како и импровизирано засолниште направено од стапчиња и гранки.

    Регионот во кој што паднал авионот нема многу патишта и тешко е пристапен дури и преку река, па војската ги барала децата и со хеликоптери, што било отежнато од 40 метри високи дрвја и поројни дождови.

    Веста за лоцирањето на децата ја потврди и колумбискиот претседател Петро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира