Четири лица се избодени во близина на некогашните простории на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во Париз. Од полицијата кажаа дека осомничениот напаѓач е уапсен откако избегал со метро.
Полицијата постави кордон околу местото на нападот и ѝ препорача на јавноста да ја избегнува областа. Неколку околни училишта исто така се затворени.
На местото на нападот е пронајдено сечиво, кое полицијата го опиша како мачета или сатар. Од четирите повредени лица, две се во тешка состојба.