ЧЕТИРИ ЛИЦА ИЗБОДЕНИ ВО НАПАДОТ ПОКРАЈ БИВШИТЕ ПРОСТОРИИ НА „ШАРЛИ ЕБДО“ ВО ПАРИЗ

    ЧЕТИРИ ЛИЦА ИЗБОДЕНИ ВО НАПАДОТ ПОКРАЈ БИВШИТЕ ПРОСТОРИИ НА „ШАРЛИ ЕБДО“ ВО ПАРИЗПолицијата кажа дека осомничениот напаѓач е уапсен откако избегал (Фото: АП)

    Четири лица се избодени во близина на некогашните простории на францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ во Париз. Од полицијата кажаа дека осомничениот напаѓач е уапсен откако избегал со метро.

    Полицијата постави кордон околу местото на нападот и ѝ препорача на јавноста да ја избегнува областа. Неколку околни училишта исто така се затворени.

    На местото на нападот е пронајдено сечиво, кое полицијата го опиша како мачета или сатар. Од четирите повредени лица, две се во тешка состојба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира