ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ, МОЌЕН БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ ГО ПОГОДИ ЛВОВ

    ЧЕТВОРИЦА ЗАГИНАТИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ КИЕВ, МОЌЕН БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛ ГО ПОГОДИ ЛВОВВо нападот се погодени неколку окрузи на Киев (Фото: Телеграм)

    Најмалку четири луѓе загинаа, а 19 се повредени во ноќешниот голем руски воздушен напад врз Киев. Меѓу загинатите е и болничар, кој настрадал додека бил на терен во вториот бран удари, кажа градоначалникот Витали Кличко.

    Еден болничар загина, а четворица се ранети додека пружале помош во округот Дарницки“, кажа Кличко.

    Во нападот се погодени неколку окрузи на Киев, при што има штети и на станбени згради, соопштија властите.

    Ноќеска бил нападнат и Лвов, при што украинската војска кажа дека од полигонот Капустин Јар во регионот Астрахан бил лансиран засега неидентификуван балистички проектил, кој летал со брзина од 13.000 километри на час.

    Видот на ракетата со која руските агресори го нападнаа градот ќе биде утврден откако ќе се проучат сите негови елементи“, соопшти Западната команда на украинските воздухопловни сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира