ЧЕТВРТИ РУСКИ ГЕНЕРАЛ ЗАГИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА ПРЕД ТРИ НЕДЕЛИ

    ЧЕТВРТИ РУСКИ ГЕНЕРАЛ ЗАГИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА ПРЕД ТРИ НЕДЕЛИОлег Митјаев загинал во жестоките борби на периферијата на Мариупол

    Украинските сили велат дека го убиле четвртиот руски генерал од почетокот на инвазијата на Украина, која утре влегува во четвртата недела. Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, кажа дека генерал-мајорот Олег Митјаев (47) загинал во жестоките борби на периферијата на Мариупол.

    „Митјаев беше командир на 150. моторизирана дивизија“, напиша Герашченко на „Телеграм“.

    И украинскиот претседател Зеленски претходно извести за смртта на уште еден руски генерал, без да го именува.

    Се верува дека 20-мина руски генерали се присутни на фронтот во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира