ЧЛЕНКИТЕ НА Г7 ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ 22 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ ВО АМАЗОНИЈА

    ЧЛЕНКИТЕ НА Г7 ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ 22 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА БОРБАТА ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ ВО АМАЗОНИЈАОваа година во Амазонија биле регистрирани 41.000 пожари (Фото: АП)

    Земјите-членки на Г7 договорија помош од 22 милиони долари за борба против пожарите во Амазонија и лансираа долгорочна глобална иницијатива за заштита на нејзините дождовни шуми. Ова беше објавено за време на средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со неговиот чилеански колега Себастијан Пињера.

    Овие средства веднаш ќе бидат достапни. Амазонија е белите дробови на планетата и ја разгледуваме можноста за слична поддршка и на Африка, чии дождовни шуми исто така страдаат од пожари“, кажа Макрон.

    Тој додаде дека САД ја поддржуваат иницијативата, иако Доналд Трамп ја избегна денешната работна сесија за животна средина.

    Сателитските снимки на Бразилската вселенска агенција регистрирале 41.000 пожари само во Амазонија оваа година и експертите велат дека повеќето од нив се предизвикани од фармери кои расчистуваат земјиште за нови земјоделски површини, во што се охрабрени од новата политика на Болсонаро, кој сака да ја живне економијата во тој регион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира