ЧЛЕНОВИ НА ВЕРСКИ КУЛТ ОД АВСТРАЛИЈА УАПСЕНИ ПОРАДИ СМРТТА НА 8-ГОДИШНИЧКА, НА КОЈА ЕДНА НЕДЕЛА НЕ Ѝ ДАВАЛЕ ИНСУЛИН

    ЧЛЕНОВИ НА ВЕРСКИ КУЛТ ОД АВСТРАЛИЈА УАПСЕНИ ПОРАДИ СМРТТА НА 8-ГОДИШНИЧКА, НА КОЈА ЕДНА НЕДЕЛА НЕ Ѝ ДАВАЛЕ ИНСУЛИНЕлизабет Страс починала на 7 јануари годинава во својот дом во Бризбејн (Фото: социјални мрежи)

    Дванаесетмина членови на една верска група од Австралија се уапсени во врска со смртта на осумгодишно девојче. Елизабет Страс починала на 7 јануари во својот дом во Бризбејн откако цела недела не ѝ бил даван инсулин за дијабетес тип 1.

    Порано оваа година, нејзините родители беа обвинети за убиство, мачење и необезбедување потребни услови за живот. Полицијата кажа дека ќе бидат обвинети уште 12 лица на возраст од 19 до 64 години.

    „Групата била свесна за нарушеното здравје на Елизабет, но не побарала помош“, соопшти полицијата на Квинсленд.

    Родителите на Страс, Џејсон и Кери, се членови на мала, затворена верска група од градот Тувумба, која не е поврзана со ниедна позната црква. Полицијата кажа дека тие се молеле за здравјето на Елизабет откако состојба ѝ се влошила. Властите биле повикани дури ден по нејзината смрт.

    „Бевме шокирани од она што го откривме. За 40 години во полиција никогаш не сум се соочил со ваков случај“, изјави шефот на полицијата Гери Вотс.

    Постарата сестра на Елизабет, Џејди, изјави дека не комуницирала со родителите, кои биле дел од култ заснован врз страв и контрола кој екстремно ја практикувал религијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира