ДА СЕ ГЛЕДА ФАЌАЊЕТО НА МАДУРО БЕШЕ КАКО ТВ-ШОУ, КАЖА ТРАМП

    ДА СЕ ГЛЕДА ФАЌАЊЕТО НА МАДУРО БЕШЕ КАКО ТВ-ШОУ, КАЖА ТРАМПТрамп објави фотографија од Мадуро од американскиот воен брод „Иво Џима“ (Фото: Трут соушл)

    Доналд Трамп изјави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се на пат за Њујорк откако ноќеска биле заробени во брзата акција на американската војска во Венецуела. Тој кажа дека против нив веќе се покренати обвиненија и ќе стигнат до Њујорк со хеликоптер и брод.

    Тие убија многу луѓе, многу Американци, дури и луѓе во нивната сопствена земја“, кажа Трамп за „Фокс њуз“.

    Тој откри дека акцијата требало да биде изведена пред четири дена, но временските услови не биле поволни.

    Кога беше заробен, Мадуро беше во куќа која повеќе наликуваше на тврдина, со цврст челик наоколу. Мислам дека нема загинати американски војници во акцијата, неколкумина биле погодени, но се очекува да бидат добро. Да се гледа фаќањето на Мадуро беше како ТВ-шоу. Ниедна друга држава не би можела да изведе таков маневар“, рече Трамп.

    Тој кажа дека зборел со Мадуро една недела пред нападот, при што му порачал да се предаде.

    На прашањето дали ќе ја поддржи лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо да ја преземе Венецуела, Трамп кажа:

    Ќе мора да го разгледаме тоа веднаш. Венецуела има потпретседател, како што знаете. Не знам какви избори беа тоа, но изборот на Мадуро беше срам“.

    Тој тврди дека САД губат стотици илјади луѓе годишно поради дрога, додавајќи дека „со фаќањето на Мадуро тоа повеќе нема да се дозволи“.

    САД долго време го обвинуваат Мадуро дека предводи меѓународна организација за трговија со дрога, што тој го негира. Против него денеска беа покренати обвиненија поврзани со дрога и оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира