Данската кралица Маргрет Втора, која абдицираше во почетокот на оваа година, заврши во болница откако паднала во својот дом. Данските медиуми објавија дека не е сериозно повредена.
Осумдесет и четиригодишната Маргрет е примена во болница заради следење на нејзината состојба откако паднала во замокот Фреденсборг северно од Копенхаген.
„Имајќи ги предвид околностите, кралицата е добро, но ќе остане некое време во болница“, изјави Лене Балеби, портпаролката на кралското семејство.
Во јануари, Маргрет стана првиот дански монарх во последните 900 години кој се повлекол од престолот. Таа беше данска кралица 52 години, а ја наследи синот Фредерик Десетти.