ДЕ НИРО Е ПОРЕМЕТЕН, ГЛУП И ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕПОРТИРАН, КАЖА ТРАМП ПО ПОСЛЕДНИТЕ НАПАДИ ОД АКТЕРОТ

    ДЕ НИРО Е ПОРЕМЕТЕН, ГЛУП И ТРЕБА ДА БИДЕ ДЕПОРТИРАН, КАЖА ТРАМП ПО ПОСЛЕДНИТЕ НАПАДИ ОД АКТЕРОТДе Ниро долго време јавно ги критикува политиките и моралот на Трамп (Фото: АП)

    Доналд Трамп му врати со навреди на Роберт де Ниро, откако тој во еден подласт кажа за американскиот претседател дека е идиот.

    Легендарниот актер долго време јавно ги критикува политиките, моралот и компетентноста на Трамп, што го истакна и кога гостуваше во подкастот на Никол Волас.

    „Тој е идиот, мора да се ослободиме од него. Тој ќе ја уништи земјата. Не сакам сите да шетаат наоколу со нивната МАГА, со американските знамиња, како да се единствените. И ние сме Американци“, рече Де Ниро.

    Во долга објава на својата социјална мрежа Трут соушл, Трамп порача дека Де Ниро би требало да биде депортиран заедно со демократските конгресменки Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои си заминаа од салата за време на неговиот годишен говор за состојбата на нацијата во Конгресот.

    „Тие треба да се качат на брод заедно со пореметениот Роберт де Ниро, уште една болна и дементна личност со, верувам, екстремно низок коефициент на интелигенција, која апсолутно нема поим што прави или зборува. Кога го гледав како се расплакува синоќа како да е дете, сфатив дека можеби е уште поболен од лудата Роузи О’Донел, која во моментов е во Ирска, обидувајќи се да сфати како да се врати во нашите прекрасни Соединети Американски Држави“, кажа Трамп.

    Непосредно пред изборите во 2024, Де Ниро кажа дека смета оти Трамп и неговите сојузници не се вистински републиканци и го нарече „кретен, идиот и кловн“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира