ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО НА УБИЕНАТА ШВЕДСКА НОВИНАРКА ПРОНАЈДЕНИ ВО ЌЕСА ВО МОРЕТО

    ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО НА УБИЕНАТА ШВЕДСКА НОВИНАРКА ПРОНАЈДЕНИ ВО ЌЕСА ВО МОРЕТОКим Вал исчезна во август додека била гостинка во подморницата на данскиот конструктор Петер Мадсен (Фото: АП)

    Данската полиција објави дека пронашла ќеса во којашто се наоѓале отсечените глава и нозе на шведската новинарка Ким Вал, која во август мистериозно исчезна додека била гостинка во подморницата на данскиот конструктор Петер Мадсен.

    Таа за последен пат била видена жива на 10 август, кога заминала да го интервјуира Мадсен. Тој, во меѓувреме, беше обвинет за нејзиното убиство, откако 12 дена по исчезнувањето, на брегот во близина на Копенхаген исплива торзото на Вал.

    Полицискиот истражител Јенс Мелер Јенсен изјави дека на истото место нуркачите пронашле пластична ќеса со делови од телото на Вал, нож и со женска облека. Во ќесата имало и тешки метални парчиња, што помогнале таа да потоне. Се уште не се пронадејни рацете на несреќната новинарка.

    Причината за смртта на Вал се уште се истражува. Притворениот Мадсен и натаму се држел до приказната дека таа настрадала во несреќа во подморницата, кога 70 килограми тежок капак ѝ паднал врз главата, по што ѝ направил погреб во морето. Вакви повреди не се утврдени, но затоа на нејзиното тело, наводно, се откриени 15 убоди со нож.

    Мадсен беше уапсен веднаш откако бил спасен од чамецот во водите на Оресунд, каде што, наводно, самиот ја уништил подморницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира