Демократската партија на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе има контрола во Сенатот и севкупно во Конгресот откако извојува двојна победа на повторените избори во Џорџија. Рафаел Ворнок и Џон Ософ ги победија републиканските противкандидати Кели Лефлер и Дејвид Пердју, со што Демократите истовремено ќе ги контролираат Сенатот, Претставничкиот дом и Белата куќа за првпат од 2009 година.
Гласањето во Џорџија беше повторено откако ниеден од кандидатите не ги постигна потребните 50% на општите избори во ноември. Баптистичкиот пастор Ворнок ќе биде првиот афроамерикански сенатор од Џорџија.
Односот на силите во Сенатот сега е 50-50, но новоизбраната потпретседателка Камала Харис ќе биде 51. глас за Демократите.