ДЕМОКРАТСКАТА СЕНАТОРКА КАМАЛА ХЕРИС ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО САД ВО 2020

    ДЕМОКРАТСКАТА СЕНАТОРКА КАМАЛА ХЕРИС ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО САД ВО 202054-годишната Херис се претстави себеси како борец за правда, пристојност и еднаквост во промотивното видео за почетокот на кампањата. (Фото: АП)

    Камала Херис, сенаторка од Калифорнија и поранешен јавен обвинител, официјално соопшти дека ќе се кандидира за претседател на САД во 2020 година, придружувајќи на групата кандидати од Демократската партија кои ќе учествуваат во внатрепартиските избори да се избере противкандидат за претседателот Доналд Трамп.

    Херис го најави почетокот на нејзината кампања во гостување на емисијата „Добро утро Америка“ на „Еј-Би-Си“.

    „Да го направиме ова заедно. Да се избориме за нашата иднина. За себеси, за нашите деца и за нашата земја“, кажа Херис во промотивното видео за кампањата.

    54-годишната Херис се претстави себеси како борец за правда, пристојност и еднаквост во видеото.

    „Тоа се вредностите кои ние Американците ги цениме и сите тие вредности се загрозени во моментов“, кажа Херис.

    Пред Херис, во трката за претседателски кандидат на Демократската партија се вклучија сенаторките Елизабет Ворен и Кирстен Џилибренд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира