ДЕМОНСТРАНТИТЕ ЈА ЗАПАЛИЈА ЗГРАДАТА НА НЕПАЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ПРЕМИЕРОТ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ЈА ЗАПАЛИЈА ЗГРАДАТА НА НЕПАЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ПРЕМИЕРОТ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАДемонстрантите денеска упаднаа во зградата на федералниот парламент во Катманду (Фото: ЕПА)

    Непалскиот премиер Шарма Оли поднесе оставка, а демонстрантите ја запалија зградата на парламентот во голема ескалација на протестите против корупција, кои почнаа откако владата ги забрани социјалните мрежи. Во вчерашните судири со полицијата загинаа 19 демонстранти, по што владата ја поништи забраната и воведе полициски час, но тоа не ги смири тензиите во земјата.

    Демонстрантите денеска упаднаа во зградата на федералниот парламент во Катманду, при што таа беше запалена. Снимките покажуваат како голем оган излегува од зградата, додека голем број луѓе се собрани во близина.

    Илјадници луѓе се одзваа на повикот да се приклучат на демонстрациите на генерацијата З поради одлуката да се забранат платформи како Фејсбук, Икс и Јутјуб, но и поради поширокото незадоволство од владата. Минатата недела властите наредија блокирање на 26 платформи поради непочитување на рокот за регистрација во министерството за комуникации и информатичка технологија.

    Ова се најголемите немири во сиромашната хималајска држава во изминатите децении, иако безбедносните сили денеска не се судираат со демонстрантите и не користат сила, рекоа очевидци. Вчера оставка поднесе министерот за внатрешни работи, денеска и премиерот Оли, кој беше на функцијата од 2008, а во јули минатата година положи заклетва за четврти мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира