ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО ПОЛСКА, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ГО ИСПРАТИЈА УБИЕНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГДАЊСК

    ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО ПОЛСКА, ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ГО ИСПРАТИЈА УБИЕНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГДАЊСККовчегот со телото на Адамович синоќа помина низ улиците на Гдањск покрај илјадници граѓани (Фото: Ројтерс)

    Полски и европски политичари се придружија на илјадници Полјаци на испраќањето и погребот на градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович, кој беше фатално избоден со нож за време на хуманитарен настан во неделата.

    Меѓу оние кои присуствуваа на погребот во базиликата „Света Марија“ во Гдањск, каде што беше положена урна со останките од 53-годишниот Адамович, беа и Лех Валеса, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот и премиерот на Полска, Анджеј Дуда и Матеуш Моравјецки.

    Полска прогласи ден на жалост, додека илјадници Полјаци синоќа се простија од Адамович, чиј ковчег, покриен со бело цвеќе, минуваше низ градските улици, покрај згради кои имале значење во неговиот живот. Тој беше убиен од 27-годишник со криминално минато, кој ја обвинуваше поранешната партија на Адамович за негово затворање, но јавноста смета дека ова се случи поради сè пораспространетиот говор на омраза во земјата. Повеќе од 20 години градоначалник на Гдањск, Адамович беше либерален политичар, кој даваше поддршка на мигранти и на еврејската и на ЛГБТ-заедницата.

    „Сите чувствуваме празнина откако замина градоначалникот. Ова е како да заврши еден период од историјата на градот“, изјави 46-годишна жителка на Гдањск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира