ДЕСЕТ ЛИЦА ПРОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ ЗА ОНЛАЈН МАЛТРЕТИРАЊЕ НА БРИЖИТ МАКРОН

    ДЕСЕТ ЛИЦА ПРОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ ЗА ОНЛАЈН МАЛТРЕТИРАЊЕ НА БРИЖИТ МАКРОНСудијата рече дека осумте мажи и две жени дејствувале со јасна желба да ѝ наштетат на Брижит Макрон (Фото: ЕПА)

    Десет лица се прогласени за виновни за онлајн малтретирање на Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон. На судењето во Париз, тие беа обвинети за ширење лажни тврдења за нејзините пол и сексуалност, како и за давање злонамерни забелешки за 24-годишната разлика во возраста на двојката.

    На повеќето од обвинетите им беа изречени условни затворски казни до осум месеци, но еден беше осуден на затвор поради непојавување на суд. На некои им беа суспендирани профилите на социјалните мрежи.

    Судијата рече дека осумте мажи и две жени дејствувале со јасна желба да ѝ наштетат на Брижит Макрон, давајќи забелешки на интернет кои биле понижувачки и навредливи.

    Тифен Озиер, ќерката на Брижит Макрон од претходниот брак, на судењето изјави дека сајбер-малтретирањето негативно влијаело врз здравјето и условите за живот на нејзината мајка, која дури морала да внимава како се облекува и како гестикулира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира