ДЕСЕТ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО БУТИК ЗА ХИЏАБИ ВО СИДНЕЈ

    ДЕСЕТ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО БУТИК ЗА ХИЏАБИ ВО СИДНЕЈПолицијата кажа дека нема индикации дека станува збор за терористички напад (Фото: ААП)

    Десет луѓе се повредени откако автомобил влета во продавница за хиџаби во западниот дел на Сиднеј.

    Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти дека повредените во бутикот се главно жени, на возраст од 18 до 30 години. Едно лице е сериозно повредено, но надвор од животна опасност.

    Снимките објавени на социјални мрежи покажуваат возило „мицубиши“ кое со голема брзина поминува преку раскрсница, по што удира во продавницата. Иако случајот сѐ уште се испитува, полицијата кажа дека нема индикации дека станува збор за терористички напад, додавајќи дека возачот имал историја на сообраќајни прекршоци.

    „Засега е сѐ многу хаотично. Десет луѓе се повредени, од кои некои посериозно. За среќа, нема загинати“, кажа шефот на полицијата Питер Тартел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира