Најмалку 14 фанови на „Бекстрит бојс“ се повредени пред почетокот на концертот во Оклахома, кога силно невреме урна метална конструкција, што се наоѓаше на влезот.
„Обезбедувањето почна да ги евакуира фановите штом на небото биле забележани првите молњи, но околу 150 луѓе останаа во редицата и не ги послушаа предупредувањата“, изјави Ким Коч Томпсон, портпаролка на „ВинСтар казино енд ресорт“, просторот кадешто требаше да се одржи концертот.
Областа потоа била погодена од пороен дожд и од ветрови, кои дувале до 130 километри на час.
Пред почетокот на концертот, Кевин Ричардсон од „Бекстрит бојс“ напиша на Твитер дека тој е распродаден и дека очекуваат 12.000 луѓе. Концертот потоа бил целосно откажан.
„Решивме да го откажеме концертот, бидејќи не сакавме да ги доведеме нашите фанови во опасност, особено што веќе имаше повредени. Безбедноста е на првото место“, соопшти бој бендот.