ДЕСЕТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ ВО ОРЕГОН ДОДЕКА ПОЖАРИТЕ ПУСТОШАТ НИЗ ЗАПАДОТ НА САД

    ДЕСЕТИЦИ ИСЧЕЗНАТИ ВО ОРЕГОН ДОДЕКА ПОЖАРИТЕ ПУСТОШАТ НИЗ ЗАПАДОТ НА САДГрадот Медфорд во Орегон тешко настрада во налетот на пожарот Алмеида (Фото: Ројтерс)

    Десетици луѓе се водат како исчезнати во катастрофалните пожари во Орегон, кои раселија десетици илјади луѓе, кажа гувернерката Кејт Браун. Шефот на агенцијата за вонредни состојби Ендрју Филипс исто така изјави дека Орегон се соочува со „настан со масовна смртност“.

    Досега е потврдена смртта на најмалку осум луѓе во Орегон и уште 11 на други места. Повеќе од 100 пожари моментално горат во 12 американски сојузни држави.

    „Имаме информации од државната полиција дека десетици луѓе се водат како исчезнати во три области. Илјадници структури се уништени“, кажа Браун.

    Директна наредба за евакуација добиле 40.000 жители на Орегон, но властите кажаа дека 500.000 луѓе се погодени од пожарите. Шефот на пожарникарите Даг Граф изјави дека екипите се борат со 16 големи пожари и дека временските прилики сега им одат во прилог.

    Властите кажаа дека во изминатите денови во Орегон изгорела површина од 3.880 квадратни километри.

    „Ова не е божји чин. Ова се случува зашто сме ја смениле климата“, изјави гувернерот на Вашингтон, Џеј Инсли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира