ДЕСЕТИЦИ ПЛАТЕНИЦИ НА „ВАГНЕР“ УБИЕНИ ВО ЗАСЕДА ВО МАЛИ, МЕЃУ НИВ И ВОЕНИОТ БЛОГЕР „СИВА ЗОНА“

    ДЕСЕТИЦИ ПЛАТЕНИЦИ НА „ВАГНЕР“ УБИЕНИ ВО ЗАСЕДА ВО МАЛИ, МЕЃУ НИВ И ВОЕНИОТ БЛОГЕР „СИВА ЗОНА“Платеници на „Вагнер“ снимени во Африка во јули 2024 (Фото: Телеграм)

    Бунтовниците од регионот Туарег во Мали објавија дека убиле десетици војници и платеници на „Вагнер“ во дводневните борби кај границата со Алжир, додека регуларната војска на Мали негираше дека имала големи загуби.

    Бунтовничкото движење Постојана стратешка рамка за мир, безбедност и развој кажа дека заплениле оклопни возила, камиони и цистерни во борбите во пограничниот град Тинзауатен, а бил соборен и еден хеликоптер.

    Неколкумина руски воени блогери објавија дека најмалку 20 борци на „Вагнер“ загинале во заседа близу алжирската граница. Меѓу убиените е и 29-годишниот Никита Федјанин, пропагандист и администратор на популарниот телеграм канал „Сива зона“, кој има повеќе од 500.000 претплатници и се прослави со известувањата од Украина и за активностите на „Вагнер“.

    „Припадници на ‘Вагнер‘ кои се движеле во конвој со владините трупи се убиени во Мали, а некои се и заробени“, објави блогерот Семјон Пегов.

    Телеграм каналот „База“, кој е поврзан со руските безбедносни служби, извести дека се убиени најмалку 20 „вагнеровци“.

    „Вагнер“ имаше клучна улога во некои од најкрвавите битки во војната во Украина, но по смртта на основачот Евгени Пригожин во авионска несреќа, своите активности ги фокусираше на Африка. Во Мали е присутна од 2021, иако воените власти не ги опишуваат како платеници, туку како воени инструктори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира