Десет луѓе загинаа во пожарот што го зафати тренинг-центарот на младинскиот тим на Фламенго, еден од најуспешните бразилски фудбалски клубови.
Локалните медиуми објавија дека сите загинати се фудбалери, а уште три лица се повредени. Засега не е познато што го предизвикало пожарот во тренинг-центарот во Нињо де Урубу во Рио де Жанеиро.
Досега не е идентификувана ниту една жртва, но познато е дека заедничките простории што изгореле биле користени од играчите на возраст од 14 до 17 години.
Фламенго важи за еден од најголемите бразилски фудбалски клубови, кој пет пати беше шампион на Бразил и еднаш на Јужна Америка. Од неговите редови произлегле светски шампиони како Бебето, Роналдињо и Ромарио.
Изгорениот центар лани бил проширен во инвестиција вредна 6,2 милиони долари.