ДЕСНИЧАРОТ КАРОЛ НАВРОЦКИ ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ПОЛСКА

    ДЕСНИЧАРОТ КАРОЛ НАВРОЦКИ ПОБЕДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ПОЛСКАНавроцки ќе ги користи своите овластувања за да става вето на проевропската програма на премиерот Доналд Туск (Фото: АП)

    Десничарскиот кандидат Карол Навроцки е избран за нов претседател на Полска, објави државната изборна комисија (ПКВ) по сите пребројани гласови. ПКВ кажа дека Навроцки освоил 50,9% гласови, а либералниот градоначалник на Варшава, Рафал. Тшасковски, е на 49,1%.

    Ова е голем пресврт во однос на излезните анкети, кои велеа дека Тшасковски победил со 50,3% гласови. Тшасковски потоа прогласи победа, додека Навроцки повика на претпазливост зашто резултатите се претесни.

    Да не губиме надеж. Ќе победиме во текот на ноќта, разликата е минимална. Верувам дека утре ќе се разбудам како претседателот Карол Навроцки“, рече тој синоќа.

    Како нов претседател, тој веројатно ќе ги користи своите овластувања за да става вето на проевропската програма на премиерот Доналд Туск. Навроцки (42), кој по професија е историчар, беше кандидат на опозициската конзервативна партија Закон и правда. Тој ја поддржува натамошната поддршка за Украина, но се противи на нејзиното членство во НАТО и не сака Полска да ѝ отстапува повеќе овластувања на Европската Унија, туку се залага за поголема сувереност на земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира