ДЕСНИЧАРОТ ВИЛДЕРС ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА, НО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ НАЈДЕ ПАРТНЕРИ ЗА КОАЛИЦИЈА

    ДЕСНИЧАРОТ ВИЛДЕРС ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА, НО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ НАЈДЕ ПАРТНЕРИ ЗА КОАЛИЦИЈАВилдерс ветуваше дека ќе ги затвори границите за мигрантите, но се откажа од идејата за забрана на Коранот (Фото: АП)

    Десничарскиот популист Герт Вилдерс е победникот на вчерашните парламентарни избори во Холандија, покажуваат последните резултати по речиси сите пребројани гласови. По 25 години во парламентот, неговата Партија за слободата (ПВВ) освои 37 пратенички места.

    ПВВ веќе не може да се игнорира. Ние сакаме да владееме и ќе владееме. Бројот на освоени места е огромен комплимент, но и огромна одговорност“, изјави Вилдерс.

    Но, за да го исполни ветувањето дека ќе биде премиер на сите, Вилдерс ќе мора да убеди други партии да му се придружат во коалиција и да собере поддршка од 76 пратеници, што се чини тешка задача. Шеесетгодишниот Вилдерс ветуваше дека ќе ги затвори границите за мигрантите, но се откажа од идејата за забрана на Коранот.

    Пред изборите, другите три големи партии ја отфрлија можноста за учество во влада предводена од Вилдерс поради неговите крајнодесничарски политики. Но, тоа би можело да се промени поради големината на неговата победа.

    Левата алијанса Зелени-Лабуристи, предводена од Франс Тимерманс, е на второто место со 25 пратеници и јасно кажа дека не сака да има ништо со Вилдерс. На тој начин, најдобрите опции за Вилдерс се ВВД – партијата на бившиот премиер Марк Руте (24 места) и новата партија Нов социјален договор (20), формирана пред само три месеци. Нивните лидери Дилан Јешилгез и Питер Омцихт му честитаа на Вилдерс и по малку изразија подготвеност за соработка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира