ДЕВЕТ ОД ДЕСЕТТЕ ДЕЦА НА ПАЛЕСТИНСКИ ЛЕКАРИ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВО ГАЗА

    ДЕВЕТ ОД ДЕСЕТТЕ ДЕЦА НА ПАЛЕСТИНСКИ ЛЕКАРИ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИ НАПАД ВО ГАЗАОд болницата „Насер“ кажаа дека највозрасното дете на лекарите имало 12 години (Фото: Гети)

    Израелската војска погодила дом на лекари во Газа, при што загинале девет од нивните десет деца, соопшти нивната болница во градот Хан Јунис. Оттаму кажаа дека во нападот се ранети и сопругот на докторката Ала ал-Наџар и едно од нивните деца. Грем Грум, британски лекар кој работи во болницата „Насер“, изјави дека тој го оперирал единственото преживеано дете на двојката.

    Израелската војска кажа дека нејзин авион погодил неколкумина милитанти во Хан Јунис и дека се проверуваат тврдењата дека настрадале и цивили.

    Областа на Хан Јунис е опасна воена зона. Пред почетокот на операциите, војската ги евакуираше цивилите од таа област“, соопшти војската.

    Од болницата „Насер“ кажаа дека највозрасното дете на д-р Ал-Наџар имало 12 години и дека нејзиниот сопруг Хамди, кој исто така е лекар, е тешко повреден.

    Тој немал никакви политички или воени врски и не бил активен на социјалните мрежи“, изјави директорот на министерството за здравство на Газа, Мунир Албурш.

    Израелските одбранбени сили кажаа дека погодиле над 100 мети низ Газа во изминатите 24 часа, а локалните власти рекоа дека притоа загинале најмалку 74 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира