ДЕВЕТМИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ПО МАСОВЕН НАПАД СО НОЖ ВО ВОЗ ВО АНГЛИЈА, УАПСЕНИ СЕ ДВАЈЦА МАЖИ

    ДЕВЕТМИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ПО МАСОВЕН НАПАД СО НОЖ ВО ВОЗ ВО АНГЛИЈА, УАПСЕНИ СЕ ДВАЈЦА МАЖИВозот бил принудно запрен на станицата во Хантингдон, каде што биле уапсени двајца осомничени. (Фото: Гети)

    Најмалку девет лица се здобиле со повреди опасни по живот по серија напади со нож што се случиле во саботата во воз во близина на Кембриџ, источна Англија. Полицијата уапсила двајца мажи во врска со инцидентот, кој британскиот премиер Кир Стармер го нарече „ужасен настан“.

    Британската транспортна полиција соопшти дека во истрагата се вклучени и антитерористички единици за да се утврдат околностите и мотивот за нападот. Оттаму рекоа дека првично бил активиран и националниот протокол „Платон“, кој се користи при можни „терористички напади во движење“, но подоцна бил повлечен. Во оваа рана фаза од истрагата, полицијата вели дека не би било соодветно да се шпекулира за причините за инцидентот.

    Вооружени полицајци интервенирале откако добиле повик во саботата во 19:39 часот. Возот бил принудно запрен на станицата во Хантингдон, каде што биле уапсени двајца осомничени.

    Службата за брза помош испратила голем број екипи на терен и потврди дека повеќе пациенти се пренесени во болница.

    Очевидци од возот за „Скај Њуз“ раскажаа дека виделе „исклучително крвав“ маж како поминува низ вагонот и ги предупредува патниците со зборовите: „Имаат нож, избоден сум“, по што колабирал на подот. Други сведоци опишале како луѓе трчале низ возот, бегајќи од напаѓач со нож. Според еден сведок, вооружени полицајци на платформата впериле оружје во маж кој држел големо сечило, по што го совладале со електрошокер и го привеле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира