Портпаролот на минхенската полиција Маркус Мартинс соопшти дека е пронајдено деветто тело на местото на настанот и полицијата истражува дали можеби тоа е еден од напаѓачите.
„Според тоа што го знам јас, во потрага сме по тројца напаѓачи“, изјави Мартинс.
Претходно, полицијата соопшти дека во нападот што се случи доцна попладнево пред „Мекдоналдс“ во Минхен загинале осум луѓе и има неколку повредени.
Портпаролот не можеше да потврди какви повреди има деветтото тело, но рече дека не е едно од осумте жртви.
Ова е втор напад неделава во Германија.
ДЕВЕТТО ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО ВО МИНХЕН, ПОЛИЦИЈАТА ПРОВЕРУВА ДАЛИ Е ЕДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ
a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Минхен,(разниизвори)