28-годишна девојка од Столац почина откако на нејзината семејна куќа се урна огромна карпа по синоќешниот силен земјотрес во Босна и Херцеговина. Според првичните информации, родителите и сестрата на загинатата девојка се полесно повредени. Девојката починала во болница во Мостар.
По првичниот земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер, во БиХ се регистрирани над 30 потреси со помал интензитет. Најсилниот беше утринава во 4.20 часот со јачина од 4,4 степени. Сите земјотреси се со епицентар во Столац, 40-тина километри од Мостар.