ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПАНАМА ОТКРИЈА КАДЕ ЕЛИТАТА ГИ КРИЕ ПАРИТЕ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:584:"Единаесетмилионидокументипротекоаодеднаоднајтаинственитекомпаниивосветот,панамскатаадвокатскафирмаМосакФонсека,коипокажувааткакоимпомагаланаклиентитедаператпари,избегнуваатсанкцииинеплаќаатданоцина72сегашниилибившилидери,меѓукоиидиктаториобвинетидекагиограбилесвоитеземји";s:9:"td_source";s:16:"(Би-Би-Си)

    ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПАНАМА ОТКРИЈА КАДЕ ЕЛИТАТА ГИ КРИЕ ПАРИТЕ

    Протекувањето на огромна база доверливи документи открива како богатите и моќните ги користат даночните засолништа за да го кријат своето богатство. Единаесет милиони документи протекоа од една од најтаинствените компании во светот, панамската адвокатска фирма Мосак Фонсека. Документите покажуваат како Мосак Фонсека им помагала на клиентите да перат пари, избегнуваат санкции и не плаќаат даноци. Компанијата вели дека оперирала 40 години без забелешки и никогаш не била обвинета за криминални активности.

    Документите, според податоците, покажуват врски со 72 сегашни или бивши лидери на земји, меѓу кои и диктатори обвинети дека ги ограбиле своите земји. Џерард Рајли, директор на Интернационалниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦЈЦ), вели дека документите го покриваат секојдневното дејствување на Мосак Фонсека во период од 40 години.

    „Мислам дека ова протекување ќе биде можеби најголемиот удар на офшор светот досега, поради опсегот на документите“, вели тој.

    Датабазата протече откако вработен во панамската адвокатска фирма Мосак Фонсека предал 11 милиони документи на германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ кој потоа ги споделил со Интернационалниот конзорциум на истражувачки новинари. Конзорциумот една година работеше со новинари и редакции од целиот свет. Целата база за пребарување ќе биде достапна во мај. Емисијата Панорама на Би-Би-Си е една од 107 медиумски организации во 78 земји кои ги анализираат документите.

    Податоците укажуваат на тајни офшор компании поврзани со семејствата на египетскиот експпретседател Хосни Мубарак, либискиот екслидер Моамер Гадафи и сирискиот претседател Башар ал-Асад. Документите открија дека претседателот на Русија Владимир Путин сокрил имот вреден 2 милијарди евра преку фирми и зделки во Панама. И премиерот на Исланд, кој во моментов се соочува со предвремени избори, криел имот во офшор земјите заедно со сопругата. Исто и претседателот на Украина, кралот на Саудиска Арабија, децата на претседателот на Азербејџан и многу други. По објавувањето на документите, премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон најави итен лидерски самит на лидери за опасностите и заканите од концептот на офшор држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари