ДОСЕГА ПЛАТИВ 63.000 ДОЛАРИ КАЗНИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКАТА КОНГРЕСМЕНКА МАРЏОРИ ТЕЈЛОР ГРИН

    ДОСЕГА ПЛАТИВ 63.000 ДОЛАРИ КАЗНИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКАТА КОНГРЕСМЕНКА МАРЏОРИ ТЕЈЛОР ГРИНТејлор Грин нема намера да се вакцинира против ковид-19 (Фото: АП)

    Републиканката Марџори Тејлор Грин изјави дека досега собрала казни од 63.000 долари за неносење маска во Претставничкиот дом и очекува да добие нови зашто нема намера да ги почитува мерките воведени поради коронавирусот.

    „Засега сум на 63.000 долари. Казните автоматски се одземаат од мојата плата“, вели Грин.

    Откако со месеци одбиваше да го открие својот статус, таа сега доброволно кажа дека не се вакцинирала против ковид-19.

    „Не сум вакцинирана и нема да се вакцинирам. И тоа е мој личен избор. Ги поддржувам оние кои се вакцинираат, но јас не сакам да го направам тоа и нема да носам маска. Казните ништо не менуваат“, рече таа.

    Претставничкиот дом, во кој Демократите имаат мнозинство, ја воведе мерката за задолжително носење маска во јули 2020. Првиот прекршок се казнува со 500 долари, а секој нареден со 2.500, на што пратениците имаат право да се жалат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира