Шефот на регрутниот центар во сибирскиот град Уст-Илимск е тешко повреден откако во него пукал маж кој бил повикан за мобилизација. Локалните власти кажаа дека напаѓачот е уапсен.
Идентификуван како 25-годишниот Руслан Зинин, тој отворил оган во просториите на регрутниот центар, при што го ранил неговиот шеф, кој се наоѓа во болница во критична состојба.
„Напаѓачот е уапсен и ќе биде казнет“, изјави регионалнот гувернер на Иркутск, Игор Кобзев.
Во друг инцидент, маж се обидел да се самозапали на автобуската станица во градот Рјазан, извикувајќи дека не сака да оди да се бори во Украина.
Откако Владимир Путин нареди делумна воена мобилизација, биле нападнати неколку центри за регрутација, а низ земјата се одржуваат протести.