ДРАГОЦЕНОСТИ ОД МИЛИЈАРДА ЕВРА УКРАДЕНИ ОД МУЗЕЈ ВО ДРЕЗДЕН

    ДРАГОЦЕНОСТИ ОД МИЛИЈАРДА ЕВРА УКРАДЕНИ ОД МУЗЕЈ ВО ДРЕЗДЕНВо Зелениот трезор во Дрезден се чуваат непроценливи блага и накит (Фото: АП)

    Германските власти соопштија дека утрово е извршен грабеж во Зелен трезор во Дрезден, еден од најстарите музеи на светот, во кој се чуваат непроценливи блага и накит. Се проценува дека украдениот плен има вредност од милијарда евра.

    Грабежот се случил во раните утрински часови, откако крадците прво ја исклучиле струјата. Тие преку прозорец влегле во музејот и потоа избегале со автомобил.

    Весникот „Билд“ објави дека се украдени дијаманти и накит во вредност од една милијарда евра, но полицијата кажа дека ова допрва ќе се утврдува.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира