Дрон падна близу аеродромот во Дубаи кратко време откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан им се извини на соседните земји и кажа дека Иран повеќе нема да ги напаѓа ако тие не нападнат први.
Меѓународниот аеродром во Дубаи привремено беше затворен денеска без да биде дадено објаснување од властите, но потврдени снимки прикажаа како дрон паѓа близу аеродромот и експлодира. Во меѓувреме продолжија полетувањата и слетувањата на аеродромот, но со доцнења.
„Можеме да потврдиме помал инцидент што произлезе од паѓање на остатоци по пресретнување. Не се пријавени повредени“, кажаа властите на Дубаи дополнително.
Обединетите Арапски Емирати објавија дека денеска собориле 15 балистички проектили и 119 дронови, додека два дрона паднале на територијата на земјата.
Од почетокот на војната во ОАЕ загинале три лица, а 112 се повредени.



