Седум луѓе загинаа, а 11 се повредени откако дрон погоди патнички автобус во окупираниот дел на Доњецк. Денис Пушилин, шефот на Доњецк поставен од Кремљ, изјави дека автобусот бил погоден во раните утрински часови во градот Јенакиеве додека патувал од Москва до Симферопол на Крим.
„Според првичните извештаи, седуммина луѓе загинаа“, изјави Пушилин, додека руските државни медиуми објавија фотографија од целосно изгорениот автобус.
Ова се случи еден ден откако Русија изведе масивен воздушен напад врз Киев и други украински градови, при што загинаа најмалку 22 луѓе. Володимир Зеленски ноќеска предупреди дека има разузнавачки информации дека Русија спрема уште еден голем напад врз Украина.



