ДРОНОВИ СОБОРЕНИ НАД МОСКВА, РУСИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ЗА НАПАДОТ

    ДРОНОВИ СОБОРЕНИ НАД МОСКВА, РУСИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ЗА НАПАДОТОва е втор напад со дронови на Москва овој месец (Фото: Гети)

    Русија ја обвини Украина дека утрово ја нападнала Москва со дронови, при што се оштетени најмалку две згради. Руското министерство за одбрана објави дека два дрона паднале откако биле онеспособени, при што немало жртви.

    Државната новинска агенција „ТАСС“ извести дека еден дрон паднал близу министерството за одбрана, а имало паднати остатоци и покрај авенијата Комсомолски.

    Дроновите погодија нестанбени згради околу четири часот по локално време, при што нема значителна штета на нив“, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

    Ова е втор напад со дронови на Москва овој месец, а при претходниот привремено беше затворен меѓународниот аеродром „Внуково“. Денешниот инцидент следува откако Володимир Зеленски се закани дека Украина ќе се одмазди за вчерашното ракетирање на Одеса, при што беше уништена најпознатата црква во градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира