ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УРОШ БЛАЖИЌ, КОЈ ЛАНИ УБИ ДЕВЕТМИНА ВО СРПСКИТЕ СЕЛА МАЛО ОРАШЈЕ И ДУБОНА

    ДВАЕСЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УРОШ БЛАЖИЌ, КОЈ ЛАНИ УБИ ДЕВЕТМИНА ВО СРПСКИТЕ СЕЛА МАЛО ОРАШЈЕ И ДУБОНАБлажиќ дури во своите завршни зборови изрази каење и кажа дека жали што не постои смртна казна (Фото: Нова.рс)

    Дваесет години затвор доби Урош Блажиќ, кој на 4 мај 2023 уби девет и рани 12 луѓе во српските села Мало Орашје и Дубона, објави Специјалниот суд во Белград. Во исто време во Смедерево, неговиот татко Радиша е осуден на идентична затворска казна.

    Судењето заврши во експресен рок, за неполни четири месеци.

    „Обвинетите Урош Блажиќ и Радиша Блажиќ се виновни. Судскиот совет едногласно ја донесе одлуката“, изјави судијката Лидија Јовановски, додавајќи дека Урош Блажиќ бил пресметлив и свесен за своите дела кога ги извршил убиствата.

    Бидејќи во моментот на извршувањето на кривичните дела немал 21 година, Блажиќ според законот бил окарактеризиран како млад полнолетник, па не можел да добие повеќе од 20 години затвор. Тој дури во своите завршни зборови изрази каење за злосторствата и кажа дека жали што не постои смртна казна.

    Ова масовно убиство се случи само ден по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Блажиќ притоа уби шестмина во селото Равни Гај кај Мало Орашје и тројца во центарот на Дубона, вклучувајќи брат и сестра.

    Неговиот татко Радиша доби 20 години затвор за неовластено чување, носење и ставање во промет на оружје и експлозивни средства и за тешко дело против општа безбедност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира