ДВАЈЦА РАНЕТИ ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ НА НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ КОРОНАМЕРКИТЕ ВО РОТЕРДАМ

    ДВАЈЦА РАНЕТИ ОТКАКО ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ НА НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ КОРОНАМЕРКИТЕ ВО РОТЕРДАМДемонстрантите фрлаа камења и пиротехника и запалија неколку полициски возила (Фото: ЕПА)

    Холандската полиција пукаше и рани најмалку две лица за време на насилните протести во Ротердам против новите коронамерки. Демонстрантите фрлаа камења и пиротехника и запалија неколку полициски возила, на што полицијата возврати со истрели и водени топови.

    Стотици луѓе се собраа за да го искажат своето незадоволство откако владата најави воведување ковид пропусница за влез во затворени места и забрана на огномети за Нова година. Холандија минатиот викенд воведе тринеделен делумен карантин по порастот на бројот на заразени со коронавирус.

    Седуммина се повредени, а 20-ина се уапсени на протестите што градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, ги опиша како оргија на насилството. Во градот беше прогласена вонредна состојба, а главната железничка станица беше затворена поради нередите.

    „Полицијата беше принудена да испука предупредувачки и директни истрели кога ситуацијата станала животно загрозувачка. Тоа беше оргија на насилството, не знам како поинаку да го опишам тоа што се случуваше“, изјави Абуталеб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира